Идната шефица на ЕК Урсула фон дер Лајен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан
Foto

Идната шефица на ЕК Урсула фон дер Лајен ја потврди европската перспектива на Западен Балкан

Со разлика од само девет гласа Урсула фон дер Лајен стана првата жена која ја освои претседателската функција во Европската комисија. Неизвесноста траеше до самиот крај, бидејќи Лајен доби поддршка од 383 пратеници од вкупно 747. Од Урсула фон дер Лајен, како идна германска шефица на Европската Комисија се очекува да внесе кохезија и цврстина во оваа институција. Фон дер Лајен во својата политичка програма ја потврди европската перспектива на Западен Балкан. Во своите политички цели, документ доставен до европските пратеници пред гласањето, наведе дека сака да ја потврди европската перспектива за Западен Балкан и ја истакна важноста од продолжувањето на реформскиот процес за целиот регион.

„Тоа е Европа и затоа што е можно повеќе ќе ги поддржувам силните односи меѓу Западен балкан и Европската Унија.Реформите мора да се спроведат, но исто така и вратата на ЕУ мора да биде отворена за Западен Балкан.“ - изјави Урсула фон дер Лајен – претседател на ЕК.

Меѓу главните заложби во нејзината визија за Европа се поголема заштита на климата, минимална плата во рамки на целата Унија, заедничка европска одбранбена политика и јакнење на правата на Европскиот Парламен. Во нејзиниот говор пред пратениците во Европскиот парламент во Стразбур истакна дека изречената доверба кон неа е цврста верба во Европа. Канцеларката Меркел беше првата која го честиташе изборот на својата долгогодишна блиска соработничка.

„Задоволство ми причинува што уверена и посветена Европејка ќе биде претседател на Европската Комисија. Иако губам своја долгогодишна министерка, добивам нов партнер во Брисел.“ - иозјави Ангела Меркел – канцелар на Германија.

Политичките аналитичари оценуваат дека победата на една од најблиските соработнички на германската Канцеларка, Ангела Меркел, всушност е победа на националните влади кои ја поддржаа, а пораз за Европскиот парламент кој се надеваше дека ќе добие свој претставник, но и знак дека во следниот период ќе има сериозни превирања и борби во 28-члениот блок. Анализирајќи го изборорт на шеф на една од главните институции на Европската Унија, Блумберг оценува дека и овојпат победија националните интереси, потенцирајќи дека идејата на Макрон и Меркел иако не целосно, беше спроведена.

0 Коментари

Остави коментари