И ПО СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА – ВЛАДАТА НЕ ОЧЕКУВА ЦЕНОВЕН ШОК
Foto

И ПО СТАПУВАЊЕ НА СИЛА НА НОВИОТ ЗАКОН ЗА ЕНЕРГЕТИКА – ВЛАДАТА НЕ ОЧЕКУВА ЦЕНОВЕН ШОК

Нафтените компании сами ќе ги определуваат цените на горивата кои ќе ги пласираат на пазарот но регулаторна комисија ќе ја одреди максималната граница .Промените ќе стартуваат после имплеметацијата за законот за енерегетика кој треба да биде потпишан денеска од новиот претседател информираше од Струга вицепремиерот Кочо Анѓушев.

Очекувањата на Владата се дека новиот закон државава ќе ја направи енергетски перспективна земја и транзицијата кон обновливи извори на енергија со истиот да биде успешна, бидејќи во моментов земјата се потпира со 70 отсто од ресурсите на јаглен, а генерално ја обезбедува РЕК Битола.Но Иако според надлежните цената на пазарот со струја е стабилна експертите сугерираат таа во иднина да биде од чисти извори што е можно побрзо да се напушта користењето на јагленот за производство на струја и фокусот да се пренасочи кон еколошките извори на енергија како што се сонцето, водата и ветерот

- „Американската енергетска технологија е вклопена во некои од најважните енергетски инфраструктури во регионот и пошироко во Европа.Таков пример е и соработката со Грција за увоз на американски  гас односно течен природен гас и во оваа насока ја поздравуваме вашата соработка со Грција и изградбата на интерконектор за природен гас“,рече Mикаела Швајцер Блум В..д амбасадорката на Амбасадата на САД.

- „Енергетска транзиција преку обновливи извори и енергетска ефикасност“е темата на Македонскиот енергетски форум 2019 , што деновиве  се одржува во Струга а на која Експертите од неколку земји  дебатираат како од загадувачки индустрии да се премине во еколошки процес на производство на електрична енергија.

0 Коментари

Остави коментари