Валентин Груевски советник од ЛДП во општина Битола во емисијата 24 анализа истакна дека неговата партија за ваков формат на законот, нема да го поддржат, но се подготвени да разговараат и да понудат амандмани кои суштински ќе го променат делот од законот.
„Една од најспорните позиции е членот 41 од законот за запирање на сите постапки кои досега се воделе и се суспендира работата на сите градежни инспектори и на сите инспекции во државата и општинските инспекторати. Тоа значи дека тие постапки кои сега се запираат, доколку имало дивоградба за која се вдело постапка, сега се запира и тој објект ќе се легализира.“ - вели Груевски.
Груевски смета дека се работи за еден лош закон кој треба да претставува продолжување на законт донесен во 2011. Тој закн беше лош, криво поставен и се на него што ќе биде дограден е лошо. Дозволата повторно да може да се гради на државно земјиште е опасно, зошто со законов, може да се изгради куќа на државно земјиште смета Груевски.
0 Коментари