Груевски со лисици на рацете на суд во Будимпешта - рочиште за екстрадиција!
Foto

Груевски со лисици на рацете на суд во Будимпешта - рочиште за екстрадиција!

Екс-македонскиот премиер, Никола Груевски денеска со лисици на рацете беше однесен во суд во Будимпешта, на рочиште за негова екстрадиција, која беше побарана од македонските власти.

Според информациите на унгарските медиуми, Груевски во судница пристигнал со палто врз рацете за да ги покрие лисиците, а на себе имал темни очила и капа.

Неговите адвокати побарале рочиштето да биде затворено за медиумите, Обвинителството се согласило. 

Македонското Министерство за правда побара екстрадиција за Груевски за отслужување на двегодишната затворска казна за предметот на СЈО „Тенк“.

Фото: Хвг.ху

0 Коментари

Остави коментари