Гром го „здрма“ авионот на Ивица Дачиќ над Словенија
Foto

Гром го „здрма“ авионот на Ивица Дачиќ над Словенија

Српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ имал инцидент откако во авионот со кој се превезувал удрил гром. Инцидентот се случил над Љубљана синоќа околу 22 часот.

Настанала паника меѓу патниците во авионот, но немало посериозни оштетувања. Пилотот слетал на аеродром во Словенија.

„Се слушна мала експлозија, видовме блесок. Но, не ни може никој ништо“ - изјавил Дачиќ за српските медиуми.

0 Коментари

Остави коментари