Гробница од античкиот период пронајдена на археолошкиот локалитет „Долченица“
Foto

Гробница од античкиот период пронајдена на археолошкиот локалитет „Долченица“

Новиот експресен пат Штип – Кочани откри богато археолошко наоѓалиште.

Откако пред повеќе од еден месец кај селотo Жиганци беше откриена ранохристијанска базилика, деновиве археолозите пронајдоа нови артефакти. Два черепи во заедничка гробница се откриени на археолошкиот локалитет Долченица. Тие датираат од средината на четвртиот век, а според археолозите, откопана е дел од некропола на град, од доцна античкиот период.

Првиот човек на штипскиот Музеј, Митко Штерјов вели дека откритијата се резултат на запоставеноста на овој регион со ископувања.

Науката веќе знае за заедничко погребување во доцна античкиот период. Сепак, вредноста на овој пронајдок е во тоа што тој досега не е откопуван и оштетен од диви копачи. Во следните нешто повеќе од еден месец, се очекува педесетината археолози и соработници да откријат и други пронајдоци, важни не само за земјава, туку и за светското културно наследство..

Истражувањата се прават на трасата од експресниот пат Штип – Кочани, кој е во изградба. Со околу 45.000 евра ги финансира Јавното претпријатие за државни патишта. Мал дел од локалитетот се наоѓа на трасата, но сепак, поради археолошките откритија, можно е нејзино минимално поместување.

0 Коментари

Остави коментари