Гризман може да го пропушти остатокот од сезоната
Foto

Гризман може да го пропушти остатокот од сезоната

Напаѓачот на Барселона, Антоан Гризман се повреди вчеравечер на натпреварот од 36. коло од лигата против Ваљадолид (1:0), објавија тамошните медиуми.

Дваесет и деветгодишниот француски фудбалер го повреди бутниот мускул и се соочува со пропуштање на двете преостанати средби во првенството на Шпанија.

Во тековната сезона, Гризман одигра 46 натпревари за Каталонците, постигна 15 голови и имаше четири асистенции.

0 Коментари

Остави коментари