Грижата на животната средина не смееме да ја оставиме само на институциите

Како локалното население да се вклучи во заштита на животната средина, зошто партнерството со медиумите е важна алка во заштитата на јавниот интерес, како да го поттикнеме екоактивизмот кај младите, но и зошто е важен Европскиот зелен договор? Ова беа дел од темите на кои се дискутираше на завршната конференција „Здружено за поздравa животна средина“.

Над 130 млади луѓе на сесиите дебатираа и ги посочија следните точки за вклучување на младите во заштитата на животната средина:

Еколошкото образование треба да се воведе уште од најмлада возраст преку практични активности.

Да се поттикне љубопитноста кај младите да ја истражуваат животната средина и да се мотивираат да дадат придонес за нејзино зачувување.

Да се охрабрат младите да кажат што мислат дека треба да се промени и да бидат навистина слушнати.

Младите можат и треба да ги искористат социјалните мрежи правилно и паметно за повисока цел, не само за забава.

Локалното население како најзасегнато и најдобро запознаено со еколошките проблеми треба да има клучна улога во нивно решавање.

Медиумите освен што треба да информираат и едуцираат за теми поврзани со животната средина, треба и да се и партнер на локалното население и граѓанските организации, со цел да се направи притисок врз институциите за решавање на еколошки проблеми.

Да се стимулира бизнис секторот за изнаоѓање решенија против деградацијата на животната средина и последиците од климатските промени.

Принципот купи, искористи, фрли е погубен за нашата планета и затоа треба да се преземат мерки за стимулирање на одржлив раст во економијата.

Ова се дел од препораките кои произлегоа од дискусијата на која учествуваа средношколци, наставници, претставници на граѓански организации, институции, новинари, експерти, активисти