Греењето со дрва и штетни енергенси главна причина за загадувањето во Куманово и Кавадарци
Foto

Греењето со дрва и штетни енергенси главна причина за загадувањето во Куманово и Кавадарци

Македонија потона во смог. Речиси секаде вредностите на ПМ10 честичките се десетици пати над нормалата. Посебно критично е во Тетово, Куманово и Кавадарци. Таму два дена по ред се измерени концентрации од над 175 милиграми на метар кубен.

Алармот е вклучен. Државата воведува посебни мерки и препораки во овие три града. За градоначлниците, греењето на домовите со дрва и друг несоодветен енергенс, густиот сообраќај, но и природната местоположба е причина за енормното загаден. Првиот човек Куманово Максим Димитриевски вели дека, со метода на аеросолизација, општината веќе презема мерки за подобрување на состојбата. 

Димитриевски вели дека дел од препораките и мерките веќе се применуваат, а за дол, допрва ќе се воведуваат.

Во Кавадарци критично беше и синоќа околу 19 часот, кога беа измерени дури 680 милиграми на метар кубен. И градоначалникот Митко Јанчев вели дека високите концентрации на ПМ честички во неговиот град се должат на загревањето на домаќинствата со енергенс кој загадува. Во телефонски разговор за ТВ24 вели дека општината ќе ги спороведе препораките на Владата, но дека градежните работи кои се во тек ќе продолжат, бидејќи нивниот обем не бил таков, за да го загадуваат воздухот.

Поради енормното загадување во овие три градови, владата препорача ослободување од работа на хронично болните, реорганизација на работното време на оние кои работат надвор, да нема никакви манифестации на отворено, да се преполови употребата службените возила на државните институции, но и да се ограничат градежните работи, а на бездониците да им се најде сместување.

На фабриките кои имаат А интегрирана еколошка дозвола им се препорачува да го преполоват производството, а во овој период, инспекциите почесто ќе ги контролираат.

0 Коментари

Остави коментари