Грчките власти ги кренаа рампите
Foto

Грчките власти ги кренаа рампите

По 14 месеци спуштени рампи од денес ГП Евзони на македонско грчката граница е отворен за проток на патници од други држави.Рампите беа кренати пред 14 часот.

Претходно, пограничните служби на Евзони не пропуштаа патници се додека не го добија протоколот од грчката влада. Во колоната возила кои со часови чекаа најмногу ги имаше од Србија но и од земајва. 

За разлика од Евзони на ГП Богородица немаше голема фрекфенција. Сите што се упатуваа кон соседна Грција без задржување беа пропуштани. Велат дека биле информирани како можеле да влезат.

Од денеска почнува туристичката сезона во Грција која  дозволи влез и на странски туристи. Сите кои планираат да патуваат во Грција ќе мора претходно да се пријават на травел. Гов.гр и на границата да приложат вакцинален сертификат или негативен пцр тест. 

Во мегувреме МВР излезе со информација дека Евзони по овој принцип ќе работи до 24 мај во периодот од 6 до 22 часот по македонско врме. Поголема фрекфенција на патнички моторни возила се очекува веќе утре за што од македонските погранични служби соопштија дека се подоготвени да одговорат на потребите. 

0 Коментари

Остави коментари