Грчките медиуми за притворот на Јанева
Foto

Грчките медиуми за притворот на Јанева

„Скопје: Уапсена специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“; „Скандал во Северна Македонија: Уапсена специјалната обвинителка за изнуда“; „Скопје: Уапсена за рекет обвинителката за борба против организиран криминал“, се дел од насловите во грчките медиуми за одредениот 30-дневен притвор за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

Онлајн изданијата на медиумите во Грција, како и грчките информативни портали го пренесуваат текстот под наслов „Северна Македонија: Уапсена за изнуда специјалната обвинителка за борба против организиран криминал“, објавен синоќа од грчката новинска агенција АНА-МПА.

– Катица Јанева поднесе оставка минатиот месец, кога локални медиуми открија нејзина наводна вмешаност во рекетот на бизнисменот Орце Камчев. Таа негира каква било нејзина вмешаност. За истиот случај, уапсени се други двајца осомничени дека наводно зеле вкупно 1,5 милиони евра од Камчев, пишува АНА – МПА.

Грчката новинска агенција објаснува дека Специјалното јавно обвинителство за борба против организираниот криминал беше формирано „врз основа на договорот на Северна Македонија со ЕУ во 2015 година, со кој беше прекината тогашната политичка криза во земјата“.

Во текстот на АНА-МПА, преземен од дел од грчките медиуми, пренесена е и изјавата на јавниот обвинител Љубомир Јовески од вчерашната прес-конференција.

0 Коментари

Остави коментари