Грчките медиуми за изборите кај нас
Foto

Грчките медиуми за изборите кај нас

„Северна Македонија: Владејачката партија на Заев победник на парламентарните избори“; „Избори трилер во Скопје“; „Мала предност за партијата на Заев“; „Изборен трилер со мало водство на Заев“, се дел од насловите во грчките медиуми, во текстовите објавени во текот на ноќта и рано утрово, а посветени на изборите кај нас.

Медиумите кај јужниот сосед, акцентот го ставаат на тесната битка меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, на излезноста, за која коментираат дека е мала, но сепак солидна во период на епидемија, ги пренесуваат изјавите на Зоран Заев, а го споменуваат и проблемот со интернет страницата на Државната изборна комисија.

Грчката новинска агенција АНА-МПА, го пренесува и распоредот на силите и додава дека во новото собрание влегуваат и „Левичарската партија Левица и Демократската партија на Албанците“.

 

0 Коментари

Остави коментари