ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН НАШАТА ЗЕМЈА
Foto

ГРЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ ЗА ОТВОРАЊЕ НОВИ ГРАНИЧНИ ПРЕМИНИ КОН НАШАТА ЗЕМЈА

Грчкиот парламент го изгласа отворањето на граничните премини Маркова Нога во Преспа и Мајден кај Кавадарци. Предложен е и закон со кој канцеларијата за врски во Скопје прераснува во амбасада, а канцеларијата за конзуларни работи во Битола во Генерален конзулат. Со гласовите од СИРИЗА, Река и Демократска алијанса, грчкиот Парламент ги изгласа нацрт законите од Министерството за надворешни работи на Грција за Договорите за отворање на нови гранични премини меѓу Северна Македонија и Грција. Нова демократија, Златна зора и Сојуз на централисти беа против, додека пак Комунистичката партија гласаше воздржано. На ниво на државни секретари, беа поставени и основите за одржување седница посветена на називите за комерцијални цели.

- „Иницирајќи ја Меѓународната група на експерти меѓу Република Северна Македонија и Грција за имињата за комерцијална намена, трговските марки и заштитните знаци, донесовме заклучок и ги поставивме политичките основи за одржување на првата пленарна седница на Групата во јуни годинава.“

Ова се наведува во заедничката изјава по средбата меѓу државниот секретар во Министерството за надворешни работи на Северна Македонија, Виктор Димовски, и генералниот секретар за меѓународни економски односи во грчкото МНР, Јоанис Брахос, одржана денеска во Солун. Во заедничката изјава стои дека во тој контекст, беа потпишани и упатени писма до Заводот за интелектуална сопственост на Европската Унија и Светската организација за интелектуална сопственостсо кои истите беа поканети да номинираат експерти кои ќе ја советуваат Меѓународната група на ад-хок основа.

0 Коментари

Остави коментари