Границите отворени - странците ги заобиколуваат туристичките места во Македонија
Foto

Границите отворени - странците ги заобиколуваат туристичките места во Македонија

Високите бројки на заболени граѓани од ковид 19 во земјава и понатаму ја влошуваат состојбата во туризмот. Иако се отворија аеродромите и границите се уште слаб е интересот кај странците да летуваат во македонските туристички центри и тоа е показател дека нема да има сезона се жалат од туристичките агенции.

Откажани се гостувањата на странски гости до крајот на месецов. За август и септември задржани се неколку резервации.

Во нормални услови овој период од годината Охрид ќе беше преполн со гости од цела Европа но пандемијата сеуште ги држи празни и хотелите. Угостителските објекти работат со полна пареа само за викенд, а истотака е и кај бродарите кои ако до лани правеа по најмалку 10 тури дневно сега имаат едвај по само една.

Најголемиот удар сепак ќе се почувствува наесен и на зима  кога неминовно газдите на локалите ќе бидат принудени да направат отпуштања на персоналот, а ќе има и многу такви кои уште од сега најавуваат дека ќе ги затворат бизнисите.

0 Коментари

Остави коментари