Градските власти во Струмица во чистењето на снегот повикаа да се вклучат и граѓаните
Foto

Градските власти во Струмица во чистењето на снегот повикаа да се вклучат и граѓаните

Струмичани реагираат и бараат поинтензивно чистење на улиците и локалните патишта во општината. Тврдат дека улиците се замрзнати а во повисоките делови од градот воопшто не се движат моторните возила. Сметаат дека надлежните институции треба да бидат поагилни кога станува збор за расчистување на снегот од фрекфентните улици.

Екипи на струмички „Комуналец“ постојано се на терен. Со механизација се чистат улиците во централното градско подрачје и повисоките делови од градот, информираа од општината. Рачно се расчистуваат и тротоарите и пешачките зони. Вработените од „Комуналец“ тврдат дека струмичани не чистат пред своите домови.

„Пред нивните домови не чистат, тие температури се такви“ - вели вработен во „Комуналец“

И граѓаните треба да се вклучат во чистењето на тротоарите иако ретко се гледа на терен, коментираа од Еколошко друштво „Планетум“ апелирајки на поголема свест кај струмичани.

„Ретко чистат струмичани, знам дека законот наложува сите да чистат пред своите дворови“ - Митко Шопов – ЕД „Планетум“.

Деновиве во струмичко интензивно врне снег. Снежната покривката на одредени локации се движи и над 20 сантиметри. Дополнителен проблем се и екстремно ниските температури кои предизвикуваат голомразици по улиците и патиштата.


0 Коментари

Остави коментари