Градскиот Саат во Прилеп ќе свети сино 5 дена
Foto

Градскиот Саат во Прилеп ќе свети сино 5 дена

Во рамките на проектот „Попреченоста е прашање на перцепција“, ООУ „Климент Охридски“ и асоцијацијата „Ластовица“, вчера на градскиот плоштад „Методија Андонов-Ченто“ го одбележаа Светскиот ден за подигнување на свесноста за аутизмот.

Вчера со пуштање на балони со сина боја на градскиот плоштад и правење сложувалки учениците од ООУ „Климент Охридски“ во Прилеп го одбележаа Светскиот ден за поддршка на лицата со аутизам. Учениците на посебно платно залепија и пораки во форма на балони и рачиња со кои порачаа дека сите сме исти и дека силно ги поддржуваат своите другарчиња кои живеат со аутизам.

Во ова основно училиште има посебни паралелки кои ги посетуваат деца со посебни потреби, меѓу кои и оние со аутизам, но дел од децата со аутизам се вклучени и во редовната настава. 

Како поддршка на лицата со аутизам и нивна поголема вклученост во општеството, Градскиот Саат во Прилеп ќе биде осветлен во сина боја во следните 5 дена, посочија за ТВ24 од општината.

0 Коментари

Остави коментари