Градежништво со стандарди до конкурентност
Foto

Градежништво со стандарди до конкурентност

Во чекор со светските достигнувања во градежништвото, неопходно е следење и имплементација на најновите трендови и стандарди во насока на зголемување на конкурентноста и квалитетот на градбата, беше истакнато на денешната прес конференција на градежната комора на Македонија на која пред градежните компании беа презентирани најновите стандарди од старана на институтот за стандардизација прилагодени на најновите измени на законот за градежни производи.

Првиот човек на градежната комора тврди дека градбите во земјава се сигурни, а директорот на институтот повикува инспекциите да обрнат внимание и да не примаат  фотокопирани сертификати.

0 Коментари

Остави коментари