Градежна комора: Градежните компании трпат последици поради мораториумот во Центар

 Градежната комора по чија иницијатива пред еден ден Уставниот суд времено го укина мораториумот за градба во општина Центар, нема намера да ја повлече својата иницијатива.

 Првиот човек на комората, Ивица Јаќимовски вели мораториумот е во спротивност на Законот и Уставот. Јаќимовски посочува дека тие поддржуваат носење на подобри урбанистички планови, но и менувње на постојаните. Вели еден дуп- може да се замени со нов и тоа законот го дозволува, но временската рамка за тој процес мора да биде јасно дефинирана, сметаат од градежната комора. Според нив градежните компании трпат последици по мораториумот, а тоа директно влијае на вработувањата и платите во градежниот сектор.

„Секој закон престанува да важи со носење на нов закон, секој закон може да се измени и дополни во Собрание. Тоа што значи генерален урбанистички план е устав во секторот, а тоа што значи детален урбанистички план е закон во градежништвото, рече Јаќимовски, одговарајќи на новинарско прашање.Истото мислење како и градежната комора, го дели и Стопанската комора на северо западна Македонија. Оттаму вечра Потпретседателот на комората, Менди Ќира за ТВ24 изјави дека нашиот правен сситем не познава категорија мораториум, а ваквата одлука на судот им дава до знаење на сите институции дека пред да се донесе било каква одлука треба да се анализира и мисли да не се оштети ниту една страна. И по еден ден Општина Центар пак се уште не ја добила одлуката на Уставен. Градоначалникот Бограновиќ и денеска повтори за нив мораториумот е се уште на сила, вели ќе ги искористат сите правни елементи и механизми , кои не сакаше да ги открие се со цел да се продолжи важноста на мораториумот. Богдановиќ појаснува дека додека мораториумот е на сила никој не мможе да поднесе било какво барање однсно да почне со постапка за добивање на одобрение за градба.“ - изјави Ивица Јаќимовски – претседател на градежна комора.

„Само бараме шанса да ја исправиме грешката.“ - вели Саша Богдановиќ – градоначалник на општина Центар.

Уставниот суд одлучи времено да го укине мораториумот за градба во Центар до носење на конечната одлука за неговата уставност. Со мораториумот воведен на крајот на 2017 година  беа запрени постапките за издавање одобренија за градење во урбанистичко-планските документации од деталните урбанистички планови.