ГРАБЕЖИТЕ НА БАНКИ УКАЖУВААТ НА КОНЕКЦИЈА МЕЃУ КРИМИНАЛЦИТЕ И ОНИЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ФАТАТ ПРЕДУПРЕДУВААТ ПОЗНАВАЧИТЕ
Foto

ГРАБЕЖИТЕ НА БАНКИ УКАЖУВААТ НА КОНЕКЦИЈА МЕЃУ КРИМИНАЛЦИТЕ И ОНИЕ КОИ ТРЕБА ДА ГИ ФАТАТ ПРЕДУПРЕДУВААТ ПОЗНАВАЧИТЕ

Клиентелизмот помеѓу полициските службеници со криминалните банди и агенциите за обезбедување е една од поголемите причините за сторените тешки кривични дела разбојништво а каде мета се банките, поштите и менувачниците и објектите каде протекуваат голема сума на пари вели поранешниот висок функционер во МВР, Љубомир Ѓурчески. Тој потенцира дека при голем дел од разбојништвата постојат и такви со тешки телесни повреди и смртни последици.

Вчерашниот грабеш во НЛБ банка каде 4 лица со себе однеле околу 115 илјади евра е еклатантен пример за држава каде криминалците се штитат од прогон додека се закануваат со огнено оружје нарушувајќи ја притоа безбедноста на граѓаните. 

Ѓурчески потенцира и дека банките не смеат да си дозволат своите клиенти да ги смируваат со изговор дека парите им се заштитени појаснувајќи дека психосоцијалната состојба на вработените и странките кои се затекнуваат при извршување на разбојништво е поголем ризик од материјалниот. Проблемот го лоцира во МВР што се уште не успева да се справи со лихварите и разбојниците а за кои најголем дел јавноста ги знае а МВР ги премолчува. А како друг проблем го наведува и тоа кој се добива лиценци за обезбедувачи во земјава.

ТВ 24 побара став од МВР за тоа колку разбојништва се случиле изминатава година каде мета биле банки, во колку од тие случаи постапило и биле откриени сторителите. Но, од МВР еве што одговорија:

Во врска со вчерашното разбојништво во Сарај, Ве известуваме дека Министерството за внатрешни работи презема мерки за расчистување на случајот. Воедно, Ве известуваме дека бројот на извршени разбојништва во 2018 во однос на 2017 година бележи опаѓање за 8%, додека во нагорна линија е бројот на расчистени случаи на разбојништво во 2018 во однос на 2017 година.“ - велат од МВР.

Инаку, во поновата историја на земјава според експертите најпознат грабеж е оној во НЛБ Банка кога на 10 април 2017та година четири лица украле 2.000.000 швајцарски франци и 270.000 евра, а за што судот им изрече 20 години затворска казна. Експертите потсетуваат и на големите грабежи на „Македонска пошта “ кога биле одземени 670.000 евра, потоа грабеж на возило на Стопанска банка АД Битола каде под закана за оружје беа украдени 450.000 евра, потоа Охридска банка со што било оштетена за околу 200.000 евра, следува Прокредит банка од каде биле украдени 50.000 евра а додека вчера од НЛБ банка беа украдени околу115 илјади евра.

Експертите алармираат на зачестените грабежи на банки каде во најголем дел било употребувано калашников и друго огнено оружје. МВР да започне со реформи и департизација на кадарот како би им овозможиле на граѓаните поголема безбедност.

0 Коментари

Остави коментари