Граѓаните со различни оценки за промената на уставот
Foto

Граѓаните со различни оценки за промената на уставот

Историски денови за Република северна Македонија. Ќе успеат ли креаторите на политиките да обезбедат конечен влез во НАТО и европското семејество. Влез кој што долги години беше оспоруван, портите често отворени но клучот погрешен. Сега со промената на името граѓаните очекуваат подобар живот и перспективи но и конечно влез во НАТО и ЕУ.

Но, дел од граѓаните со став дека ниту промената на името ниту ветувањето на Владата ќе им обезбеди стабилен социо-економски живот. Велат прескапа е цената која што ја плаќаат – неприфатливо е било каква придавка со која сметаат дека им се менува идентитетот.

За разлика од повозрасните кои најчесто го изразуваат своето мислење по било кое прашање – младите скоро и без глас, но има и такви кои сметаат дека евентуалниот влез во НАТО и ЕУ ќе им обезбеди подобро образование, здравство и студентски стандард.

Додека се движевме низ централното градско подрачје прашувајќи ги граѓаните што мислат за промената на името наидовме на странци кои пак едногласни во своите изјави – велат промената на името, особено значење е за младите како би се пронашле под закрилата на европското семејство.

„Промената на името е позитивен чекор за перспективите на државата доколку успее да влезе во НАТО и ЕУ. Влезот ќе биде голем голем успех особено за младите како за подобро работно место така и за нивниот личен успех.“

Без разлика дали се за или против сега се е во рацете на Владата која треба да ги исполни долгонајавуваните реформи за подобар живот.

Граѓаните со различни ставови. Од Емотивни до рационални проекции за тоа што добивме и каде се движиме. Македонија на пресвртница. По 27 години независна држава во кои едни соседи ја оспоруваа нацијата, други црквата, трети името. Се создава ли бришан простор за влез во НАТО и ЕУ како земја која веќе нема да служи за раздор на балканот, туку за обединување.

0 Коментари

Остави коментари