Граѓаните се жалат, но не доаѓаат на средби со извршителите
Foto

Граѓаните се жалат, но не доаѓаат на средби со извршителите

Граѓаните не им веруваат на извршителите. На Отворените денови на Комората на извршители вчера во Струмица не се појави никој, а во Штип совет за своите проблеми побараа само четворица граѓани. Претседателот на комората Зоран Димов вели дека со овие отворени денови сакаат да им кажат на граѓаните дека се нивна страна.

Стечаец од село Ерџелија дојде во Штип на Отворените денови и се пожали дека сметка за телефон од осум му пораснала на седумдест илјади. Пред камера не сакаше да зборува, но праша што кога ќе замине во пензија, како ќе се справи со долгот. Еден од присутните побара поефикасен систем  на наплата, бидејќи и покрај извршното решение не може да си го земе сработеното откако фирмата згаснала.

Извршителите велат го разбираат револтот на граѓаните, но тврдат  работат согласно законот. Проблемот според нив се предметите што ги наследиле од судовите во 2011-та.

Граѓаните последниве недели ги интензивираа протестите против извршителите. Од Министерството за правда бараат измени на Законот за извршување и ревизија на целиот процес на наплата. Правдата на улица ќе ја бараат се додека не видат конкретни мерки.

0 Коментари

Остави коментари