Говор на братот на убиениот Џорџ Флојд: „Зошто дивеете?
Foto

Говор на братот на убиениот Џорџ Флојд: „Зошто дивеете?

Погребот на Афроамериканецот Џорџ Флојд, кој беше убиен од полицијата минатата недела, ќе биде на 9 јуни во Хјустон, во сојузната држава Тексас. Најдобриот светски боксер Флојд Мејведер најави дека ќе го плати погребот на Флојд.

Со библија во раката, американскиот претседател Доналд Трамп се закани дека ќе ја испрати војската на улиците на американските градови за да им стави крај на граѓанските протести, кои уследија по смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд. Тој рече дека градовите и сојузните држави не успеале да ги исконтролираат протестите и да ги одбранат своите жители. Додека зборуваше во Белата куќа, полицијата со солзавец и гумени куршуми растеруваше демонстранти од околен парк.

„Доколку некој град или сојузна држава одбива да ги примени потребните мерки за одбрана на животите или приватната сопственост на своите граѓани, ќе ја ангажирам војската на САД и така брзо ќе го решам проблемот. Јас сум претседател кој се залага за право и ред." - изјави Трамп.

Братот на Џорџ Флојд, Теренс го посети местото каде што почина неговиот брат. Тој рече дека неговото семејство е мирољубиво и ги повика сите да бараат промени по мирен пат и да гласаат на изборите.

„Јас не дивеам. Не дојдов ништо да кренам во воздух. Не правам хаос во мојата заедница. Што правите вие? Ништо не правите. Затоа што ништо од тоа нема да го врати мојот брат. Едуцирајте се, знајте за кого гласате. Така ќе ги победиме, ќе промениме се.“ - изјави Теренс Флојд – брат на Џорџ Флојд.

Поранешната државна секретарка и кандидатка за американски претседател на изборите во 2016 година, Хилари Клинтон, изјави дека е огорчена од најавата на претседателот Доналд Трамп дека ќе употреби сила Веќе цела недела во повеќе американски градови не запираат демонстрациите против полициско насилство, расизам и социјални неправди.

Повод за протестите беше смртта на Афроамериканецот Џорџ Флојд по брутална полициска интервенција во Минеаполис, во сојузната држава Минесота. Протестите делумно прераснаа во акти на насилство и безредија. Две лица загинаа за време на немирите во Цицеро, предградие на Чикаго, а четворица полицајци се ранети при пукање во Сент Луис, во сојузната држава Мисури. Адвокатот на семејството на убиениот Афроамерикенец Џорџ Флојд, Бен Крамп, изјави дека има доволно докази да се потврди дека обвинетиот полицаец Дерек Шовин постапил со умисла.

„Не ни е јасно како таа постапка не е оквалификувана како убиство од прв степен. Сметаме дека тој имал намера.“- изјави Бен Крамп – адвокат.

Во квартовите околу Белата куќа синоќа беа распоредени возила на воената полиција, помогнати од претставници на Националната гарда и полицијата со коњица на главниот град. Демонстрантите беа агресивно растерани, со употреба на солзавец и гумени куршуми.

Властите во Вашингтон синоќа за првпат по 1942 година воведаа полициски час, кој траеше од 19 часот до ранo изутрина и ќе трае и наредната вечер. Американското Министерство за правда одлучи да ја третира Антифа како домашна терористичка група. Амерканската музичка индустрија повика на прекин на работата со цел да се поттикнат луѓето на одговорност и на промени.

0 Коментари

Остави коментари