Гостување на Мијата

Уметноста во вакви тешки времиња отсекогаш си ја заземала улогата на коректив на општеството, но, и „прва помош“ при падот на духот. Мијата е една од пејачките во Македонија која постојано изненадува со своето творештво и која прави пресек на нашето живеење, преку своите композициски остварувања. Токму со неа разговараме во првото интервју за денеска, при што ќе ја промовираме и нејзината најнова песна, „Маска“.