Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар
Foto

Горивата поскапуваат од еден до 1,5 денар за литар

Цената на горивата од ноќеска на полноќ се зголемува за еден до 1,5 денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,98 отсто.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,50 денар за литар и ќе изнесува 59,5 денари. Бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), поскапуваат за еден денар по литар. Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 61,5 денари, ЕУРОДИЗЕЛ (ДЕ V) ќе се продава за 51, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 40 денари за литар.

Со одлукаата на РКЕ за 0,273 денари за килограм поскапува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе чини 24,886 денари.

0 Коментари

Остави коментари