Гори куќа во скопско Тафталиџе
Foto

Гори куќа во скопско Тафталиџе

Пожар утринава изби во куќа на улицата „Будимпештанска бр.31“ во скопската населба Тафталиџе.

Од Противпожарната бригада на Град Скопје изјавија дека интервенираат со пет возила и 10 пожарникари. Пожарот кај нив е пријавен во осум часот.

Пожарот е локализиран, а неофицијално причинет е од расипан бојлер.

0 Коментари

Остави коментари