ГОРАТ ТАСОС И ЕВИА, ГРЦИЈА ЈА ПУСТОШАТ ПОЖАРИ
Foto

ГОРАТ ТАСОС И ЕВИА, ГРЦИЈА ЈА ПУСТОШАТ ПОЖАРИ

Голем пожар избувна во шумскиот предел на грчкиот остров Евија. Евакуиран е еден манастир, а на жителите на три села кажано им е да бидат подготвени за евакуација. Пожарот избувнал утрово околу 3 часот во областа Агрилица, а густиот чад стигнал до Атина. Во гасењето на пожарот учествуваат 80 пожарникари со 39 возила, а ангажирани се четири авиони и два хеликоптера..од грчката против пожарна служба велат дека силниот ветер како и непристапниот терен ги отежнуваат напорите на пожарникарите.

- „Многу тешко можеме да го ставиме пожарот под контрола. Тој брзо се движи кон брегот. Ги преземаме сите неопходни мерки. Доколку е потребно ќе ги евакуираме населените места покрај плажата. Иако во моментов се уште не е стигнат до брегот, правиме се што е во наша можност да спречиме да се прошири и на други области.“

Голем пожар денеска избувна и во југозападниот дел на островот Тасос. Како што јавуваат грчките медиуми, испратени се 56 пожарникари со 25 противпожарни возила а поддршка имаат од два авиона и еден хеликоптер.

Во моментов во Грција активни се неколку пожари вклучително го реонот на Ахаја и еден во близина на градот Тива. Пожарот што е активен во близина на грчкиот главен град Атина од неделата е делумно локализиран.

0 Коментари

Остави коментари