Голови на Пандев и Барди во денешните дуели од Серија А и Ла Лига
Foto

Голови на Пандев и Барди во денешните дуели од Серија А и Ла Лига

Македонските фудбалски репрезентативци, Горан Пандев и Енис Барди се запишаа во листата на стрелци во своите екипи (Џенова односно Леванте) во рамки на натпреварите во Серија А, односно Ла Лига.

Пандев одигра 74 минути за Џенова во победата од 2-0 против СПАЛ, а тој го постигна првиот гол на мечот. Ова е многу важна победа за Џенова во борбата за опстанок.

Леванте, пак, загуби од Атлетико Билбасо со 1-2, а Барди беше стрелец на единствениот гол за својата екипа. Нивниот опстанок во најквалитетното шпанско друштво не е доведен во прашање.

 

 

0 Коментари

Остави коментари