Големи штети во Турција по силниот земјотрес
Foto

Големи штети во Турција по силниот земјотрес

Силен земјотрес со интензитет од скоро 7 степени според Рихтер беше регистриран во Егејското море, а почувствуван бил на грчките острови и на дел од Турција.

Земјотресот се случи на 17 километри во морето западно од турската покраина Измир. Според „Си-ен-ен Турк“, земјотресот се почувствувал сè до Истанбул. По првиот голем потрес, следеле уште три со магнитуда од 4.1, 4.2 и 4.8.

Министерот за внатрешни работи, Сојлу, рече дека досега е пријавено рушење на шест големи згради во Измир. Гувернерот на Измир, Косгер, изјави дека нема информации за смртни случаи. Локалните медиуми јавуваат за оштетување на зградите и патиштата, додека извештаите од Турција јавуваат дека неколку згради во крајбрежниот град Измир се срушиле поради земјотресот.

0 Коментари

Остави коментари