Големи демонстрации во Белград, повредени и полицијаци и граѓани
Foto

Големи демонстрации во Белград, повредени и полицијаци и граѓани

Скршени излози и клупи, откорнати сообраќајни знаци, 43 полицајци повредени и околу 20 цивили, приведени се 23 лица. ова е сликата по протестите кои се случија синоќа во Белград, откако српскиот претседател Вучиќ најави дека повторно ќе воведе полициски час во земјата. 

Состојбата од утрово е мирна, но за попладне се најавени нови протести. За полицијата во Белград нема дилеми. Познати и се организаторите кои го иницирале влегувањето во Собранието на Србија. Според директорот на полициските сили Владимир Ребиќ еден од организаторите е Дамјан Кнежевиќ, кој со четворица други е упасен, додека поранешниот пратеник Срѓан Ного кој исто така го иницирал овој чин за влегување во Собранието заминал од местото на настанот пред да пристигнат полициските сили.

-Употребивме физичка сила дури кога беше употребена против нас, делувавме со екстремна воздржаност, користевме хемикалии само околу 23 часот, на крајот и коњаницата мораше да интервенира. Кнежевиќ и Ного се иницијаторите и организаторите за влегување во Собранието и нападот на полициските службеници. - изјави Владимир Ребиќ.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска повторно се обрати до јавноста, што е негово второ обраќање во изминатите 24 часа. 

И српската премиерка Ана Брнабиќ ги осуди вчерашните протести и инциденти пред Парламентот обвинувајќи ги политичарите кои според неа се обидувале да добијат политички поени при најголемата криза.

0 Коментари

Остави коментари