Голем број новозаразени лица во Гевгелија, кризниот штаб бара полициски час!
Foto

Голем број новозаразени лица во Гевгелија, кризниот штаб бара полициски час!

Кризниот штаб на општина Гевгелија на денешната седница, по констатираната влошена епидемиолошка состојба во општината, побара од главниот кризен штаб да се воведе полициски час на територијата на општината во периодот од 21:30 часот до 5 часот наутро секој ден до стабилизирање на состојбата.

Покрај ова се бара, за територијата на општината, да се преиспита зголемувањето на пополнетоста на автобусите на 75 отсто и таа да се врати на 50 отсто, како што беше претходно. Изминативе два дена во општина гевгелија беа регистрирани 77 лица позитивни на ковид-19.

0 Коментари

Остави коментари