Голден Стејт ја прекина победничката серија на Јута

Кошаркарите на Јута го претрпеа првиот пораз по шест последователни победи, откако синоќа загубија на домашен терен од водеччкиот тим на Западот, Голден Стејт, со 116:123.

Стивен Кари беше најефикасен во редовите на Голден Стејт со 28 поени, додека забележителна партија во дресот на Јута имаше хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ со 20 поени

Седма последователна победа на кошаркарите на Чикаго им донесе Демар Дерозан со неверојатна тројка преку рацете на двајца противнички играчи со звујот на сирената, а победничката серија ја подолжија и актуелните шампиони Милвоки, кои против Њу Орлеанс го запишаа шестиот триумф во низа.

Резултати од натпреварите во НБА лигата одиграни ноќта меѓу саботата и недела:

Јута – Голден Стејт 116-123

Бруклин – ЛА Клиперс 116-120

Милвоки – Њу Орлеанс 136-113

Детроит – Сан Антонио 117-116 (по продолжение)

Вашингтон – Чикаго 119-120

Хјустон – Денвер 111-124.