Ги цртаат ли дипломатите контурите на новата влада?
Foto

Ги цртаат ли дипломатите контурите на новата влада?

Ќе испорача ли Македонија стабилна Влада и со тоа да ги исполни очекувањата на меѓународните партнери? Дали новата НАТО членка и земја која стои на прагот на европската врата, ќе бара поттурнување од странските партнери, за формирање на ново владино мнозинство или партиите сами ќе ја завршат работата?

По шушкањата дека тврдоглавоста на Заев и Мицкоски околу датумот за избори, попуштила откако имале средби со странски дипломати овие денови пристигнуваат пораки од САД за владино коалицирање, но и средби со еу амбасадори. 

Лидерот на СДСМ денеска и ветил на новата германска амбасадорка во земјава, Анке Холштајн дека ќе обезбеди сигурно и стабилно парламентарно мнозинство и нова Влада која ќе работи во интерес на граѓаните.

- Ќе обезбедиме нова, одговорна Влада со полн четиригодишен мандат. Заради преговорите со ЕУ, заради предвидливоста и економската сигурност, потребно е стабилно парламентарно мнозинство и формирање на стабилна одговорна Влада која ќе движи брзо напред. Развој и унапредување на економијата и реформи во правосудството ќе бидат врвните приоритети на новата Влада предводена од СДСМ и тоа ќе го покажеме уште во првите сто дена од мандатот. - изјави Заев.

Додека Мицкоски минатата недела оцени дека не би се изненадил ако никој не успее да формира влада, вчера специјалниот претставник на Стејт департмент за Западен Балкан Метју Палмер порача дека очекуваат стабилен и силен партнер. 

- Сега е период на преговарање за формирање коалиција, што е природен процес во демократските парламентарни системи. Од перспектива на САД, она што е важно и што сакаме да го истакнеме, е дека очекуваме добар и силен партнер во владата на Македонија, влада која е посветена максимално да го искористи членството во НАТО, влада која е посветена да ја води државата напред на патот кон Европската Унија. - изјави Палмер.

Во меѓувреме додека се подготвува рамката за преговори со ЕУ, германската амбасадорка вчера на владината седница порача дека официјален Берлин е посветен до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција за старт на преговорите со Македонија. Во пресрет на молчењето на Бугарија околу усвојубвањето на истата, според Холштајн рамката за преговори не треба се усложнува со билатерални прашања.

0 Коментари

Остави коментари