Гевгелија даде повторно негативно мислење за отварање капацитет за преработа на РТФ отпад
Foto

Гевгелија даде повторно негативно мислење за отварање капацитет за преработа на РТФ отпад

Гевгелија даде негативно мислење за отварање капацитет за преработа на РТФ отпад за производство на алтернативно гориво пелети. Советот денес повторно ја потврди веќе донесената одлука за негативно мислење.

Гевгеличани пак денес се собраа и протестираа што министерствата за животна средина и економија бараат општински мислења за веќе дадени негативни одговори оти стравуваат дека ќе им биде загадена животната средина.

Гевгелија повторно даде негативно мислење за отварање на капацитет за производство на пелети од РТФ суровни кои ќе се носат во ова општина. Станува збор за отпад кој не се рециклира но може да се употреби за алтернативнно гориво по пат на пресување. Ова општина во јуни даде негативно мислење за изградба на ваков капацитет но министерството повторно побара одговор за иницијативат ана П и П Минералс со италијански капитал.

Барањето за ново мислење на веќе даден негативен одговор ги налути и гевгеличани. Тие денес протестираа и го изразија своето незадоволство што министерството за животна средина не го почитува општинскито став а лути беа што до општината од министерството за економија повторно стаса барање за детални геолошки истражувања за металични суровини на планината Кожув иако тие на референдумс се изјаснија.

Гевгелиските советници барањето на италијанците за отварање на капацитет за пелети од РТФ гориво го отфрлија иако целито проект им го презентираше заитнересираниот инвеститор кчии престанвици кажаа дека нема да има загадување. Советниците сметаа дека гевгеличани се изјасниле против тешка и незагадувачка индустрија.

0 Коментари

Остави коментари