Гевгеличани ќе протестираат против отворање погон за преработка на индустриски и комунален отпад
Foto

Гевгеличани ќе протестираат против отворање погон за преработка на индустриски и комунален отпад

Граѓанското здружение „Спас за нас“ денеска преку соопштение ги повика гевгеличани масовно да излезат на утрешниот граѓански протестен собир против отворање на погон за преработка на индустриски и комунален отпад во Гевгелија и против продолжување на геолошките истражувања за злато на планината Кожуф.

Протестниот собир е закажан за утре во 10 часот пред зградата на гевгелиското Собрание, поточно во термин пред одржување на седницата на општинскиот Совет на која Општина Гевгелија треба да даде мислење по повторно поднесените барања од две странски компании (ПиП и Минерал Резервоарс) со седишта во Скопје за добивање концесија за работа.

– Ги повикуваме сите наши сограѓани масовно да излезат на протестот и заедно да испратиме јасна и гласна порака преработка на ѓубре од Италија да си прават во Италија и рудници за злато да си отвораат во Канада оти Гевгелија била, е и ќе биде град на природата се вели во соопштението потпишано од Ангел Наков, претседател на граѓанското здружение ,,Спас за нас“.

 

Од здружението велат дека со протестниот собир сакаат да им дадат подршка на општинските советници кои еднаш дадоа негативно мислење по овие прашања,утре повторно да кажат големо „не“ за повторните барања на компаниите од Италија и Канада.

0 Коментари

Остави коментари