Германските медиуми ја открија вистинската причина зад проблемите на Санчо
Foto

Германските медиуми ја открија вистинската причина зад проблемите на Санчо

Sвездата на Борусија Дортмунд, Џејден Санчо ги прекрши правилата за социјална изолација пред рестартирањето на Бундеслигата, патувајќи во Англија со авион.

Англискиот крилен напаѓач не започна како стартер во првите 3 средби на тимот по продолжението, а многумина шпекулираа дека страдал од повреда која не му дозволувала да одигра цели 90 минути. Сепак, германските медиуми сега цврсто ја побиваат оваа теза.

Санчо всушност летал во Англија без дозвола од челниците на клубот, и морал да биде ставен во карантин кога се вратил во Германија. Покрај тоа, тој заостанувал и со физичката подготовка.

Сето ова го објаснува бавното интегрирање на натпреварувачот назад во почетните 11 на тимот. Санчо започна како стартер едвај во 4-от меч по рестартирањето – минатиот викенд против Падерборн. Вклучувањето на 20-годишната сензација не разочара, бидејќи тој постигна „хет-трик“ за победата на „жолто-црните“ со 6:1.

0 Коментари

Остави коментари