Германија: Татко го фрлил детето од мост на автопат, потоа се самоубил
Foto

Германија: Татко го фрлил детето од мост на автопат, потоа се самоубил

Полицијата во централниот дел на Германија соопшти дека еден маж од мост на автопат го фрлил својот деветгодишен син, а потоа извршил самоубиство. Како што се наведува во соопштението на полицијата во Хесе, мајката на момчето дознала за неговата смрт кога на социјалните мрежи го видела писмото кое го објавил 36-годишниот татко.

Пред пет дена на железничка станица во Франкфурт еден маж ги турна под воз мајка и нејзиниот осумгодишен син, при што момчето го загуби животот. Полицијата во Хесе не ги поврзува овие два настана, бидејќи извршителот на убиството во Франкфурт не бил во сродство со мајката и детето, додека во вториот случај станува збор за татко и син.

0 Коментари

Остави коментари