Германија го презеде претседателствувањето со ЕУ од Хрватска
Foto

Германија го презеде претседателствувањето со ЕУ од Хрватска

Во следните шест месеци претседателствувањето на Германија со Европската Унија првенствено ќе биде посветено на борбата против пандемијата со Ковид-19 и нејзините последици.

Како втор приоритет се наведуваат разговорите за Брегзит, кои треба да завршат до крајот на годината.

Помеѓу приоритетите на Берлин во втората половина од годината се наведуваат и постигнување договор за миграцијата, законот за клим и Конференцијата за иднината на Европа.

Иако беше планирано Западиот Балкан да биде во фокусот на германското претседателствување со Унијата, пандемијата ги смени плановите. Но, Берлин покажува интерес за продолжување на Дијалогот Белград – Приштина.

За време на поготовките за претседателствување со Советот на ЕУ од Берлин беше најевено дека германскиот фокус ќе биде на Западен Балкан и проширувањето, но поради пандемијата беа воспоставени „нови приоритети“, а следните шест месеци неформално го добија името „корона претседавање“.

0 Коментари

Остави коментари