Доктор Ален Георгијев, директор на клиничката болница во Штип, вели дека неговата болница се уште го нема добиено лекот ивермектин и ги очекува наредната недела да стигнат протоколите за давањето на лекот. Се она што ќе помогне да се намали бројот на заболените, тоа е добредојдено.
„Во моментот работиме со она што го имаме, без ивермектинот и се надеваме дека со лекот ќе имаме подобри резултати. Се надеваме дека она што го читаме за него има охрабрувачки резултати, се додека не дојдеме до вакцината и бројката на колективен имунитет.“ - вели Георгијев.
Георгијев вели дека минатата година не изместила од колосек и се барало волшебен лек, но таков лек за вируси не постои. Рече дека добиле и одредена количина на лекот ремдисивир и во ако има потреба, ќе се дава на пациентите во коорднација со Инфективната клиника.
0 Коментари