Георгиевски: Во Охрид освен на објекти и на плажите со години се работело на "диво".
Foto

Георгиевски: Во Охрид освен на објекти и на плажите со години се работело на "диво".

 Општина Охрид и градоначалникот и понатаму не знаат колку точно дивоградби има во зашитениот појас иако во јавноста секојдневно се шпекулира за нивната бројка. И таа отприлика се движи од изјавата на Георгиевски дека тие кои ќе треба да се рушат се бројат на прсти до тоа дека нивниот број е околу 50 ина само во зелениот појас.
 
Градоначалникот денеска ниту ја негираше ниту ја потврди таа бројка бидејќи вели немал време да ги брои,но тврди дека сите биле впишани во регистарот кој е доставен до надлежните органи. Повторно уверува постепено ќе се рушат една по една, почнувајќи од помалите зависно од финансиите со кои располага општинската каса.
 
Но, хаосот во урбанизмот на Општината за жал не завршува кај дивоградбите.Отприлика секој сектор во неа една деценија не ја работел како што треба својата работа па Георгиевски информира дека цели 6 - 7 години дел од плажите издадени под закуп на охридското крајбрежје, работат на диво. Тој побара од сите надлежни институции да се вклучат во расветлување на случајот, посочувајќи дека никој во минатото не презел мерки да ги заштити интересите на градот и државата.
 
Владата уште во март најави дека ќе ги одземе концесиите на плажите но тоа не се случи. Летово сите и на охридското но и на струшкото крајбрежје работеа со полна пареа без концесија.
 

0 Коментари

Остави коментари