Георгиевска: Договорот со Бугарија е потпишан и на македонски јазик
Foto

Георгиевска: Договорот со Бугарија е потпишан и на македонски јазик

Договорот за добрососедство со Бугарија е потпишан и на македонски јазик, изјави денеска пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска, одговарајќи на прашање за евентуално вето од Бугарија во преговорите со ЕУ.

„Со нашиот сосед, Република Бугарија, имаме договор за соработка и добрососедство кој патем да напоменам тој договор е потпишан и на македонски јазик. Очекуваме во духот на овој договор, да продолжиме заеднички да ги градиме односите и меѓусебно да си даваме поддршка двете земји.“ - рече Георгиевска.

 

0 Коментари

Остави коментари