Гасификација на Скопје
Foto

Гасификација на Скопје

Две турски компании се во трка, која од нив ќе ја гради дистрибутивната мрежа за природен гас низ државата. Ќе се избере во јуни, а предност ќе и се даде на таа што ќе понуди приклучок поевтин од 100 евра, за разлика од сегашните 500 евра.  

„Ќе започне тендерирањето од 100 евра и тоа ќе претставува придобивка, пред се за домаќинствата коишто ќе имаат низок трошок за приклучување. Исто така очекуваме од новиот приватен партнер да обезбеди соодветни евтини кредити коишто ќе овозможат и на домаќинствата кои што ќе се приклучат на мрежата на природен гас да ја земенат својата инсталација во домовите на рати на повеќе години.“ - изјави Марко Бислимоски, претседател на Регулаторната комисија за енергетика.

Но, кога гасот ќе стигне до домаќинствата? Според планот, најпрво ќе почне да се гради во периферијата на Скопје, онаму каде што сега нема централно греење. Општините и селата ќе можат да се надеваат на гас во 2023 година.

Нема да се чека мрежата да биде изградена во цел град, туку  ќе се приклучува, како ќе се гради. Освен за греење гасот ќе користи и за шпорети, бољери, а енергетичарите велат дека на електрична енергија ќе бидат приклучени само светилките и телевизорот во домот. Потрошувачката на струја треба да паднат за 40%.

Гасот во државата ќе биде добредојден и зашто не очекува се поскапа струја. Со либерализацијата на пазарот ЕСМ, како државен производител, годинава обезбедува 70% од потребите, и овој процент до 2025 ќе се намали на 30%.

Тоа ќе повлече поголемо купување на струја на берзите, по повисоки цени, зашто ќе се набавува од трговци, а не од производители. За граѓаните тоа ќе значи повисоки сметки.

0 Коментари

Остави коментари