Галф (Gulf) со нова бензинска станица во Тетово
Foto

Галф (Gulf) со нова бензинска станица во Тетово

Галф Македонија продолжува со инвестициите на македонскиот пазар и зголемување на своите продажни капацитети. Покрај трите бензински станици во Скопје, автопат Тетово – Гостивар и Струга, Галф од денес е достапен и во центарот на Тетово, во близина на Шарената Џамија. 

Бензинската станица во центарот на Тетово се одликува со современ изглед и со беспрекорна функционалност и достапност, а во палетата на производи се наоѓаат и американските G-Force безоловно и X-tream дизел горивата. 

Зголемувањето на достапноста на продажните места на Галф Македонија ќе биде една од главните цели на компанијата во следниот период. Планирано е проширување во сите поголеми градови низ земјата, со цел нудење на македонските потрошувачи врвни нафтени деривати создадени по највисоките светски стандарди. 

Комерцијален текст

Foto

0 Коментари

Остави коментари