Гајсер: По скандалот сигурно ќе заврши кариерата на Заев како премиер
Foto

Гајсер: По скандалот сигурно ќе заврши кариерата на Заев како премиер

Новинарот на весникот „Ла Верита“, Ларис Гајсер за радиото Каподистрија предмалку ги анализираше случувањата поврзани со аферата „Рекет“.

Тој напомена дека „претседателот Пендаровски со прес-конференцијата покажа дека полека се дистанцира од Заев“. 

„Македонија го смени името како подарок за Грција. По овој скандал, сигурен сум дека Заев ќе ја заврши кариерата на премиер“ - рече Гајсер кој сепак не објави нови аудио снимки поврзани со случајот.

Тој запрашан дали се познава со екс-премиерот Никола Груевски „признава дека имал контакт со луѓе на Груевски од минатото, но дека лично не го познава ниту него, ниту Виктор Орбан“.

Гајсер презентираше информација дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ „го преупредил Заев дека му се подготвува сценарио“.

Моментно е пауза на радио-емисијата на Каподистрија, се очекува во продолжение да има дебата со слушателите.

Гајсер не ја информираше јавноста дали денеска ќе објави нови материјали.

0 Коментари

Остави коментари