Гајсер: Она што го следевме е дека неважни луѓе изнесуваа куфери со пари
Foto

Гајсер: Она што го следевме е дека неважни луѓе изнесуваа куфери со пари

Ви презентираме дел од опширното денешно излагање на словенечкиот новинар, Ларис Гајсер вработен во весникот „Ла Верита“ за радиото Каподистрија:

„Не спиев со денови мислејќи дека луѓето од снимките ќе негираат дека се тие на нив. Очекував дека и така ќе реагираат. Но, сите признаа дека навистина тие се на снимките, нивните гласови. Сите веруваа дека ние сакаме да ја срушиме Владата што е небулоза. Сум слушнал и гласини дека јас сум му десна рака на Орбан и дека му помагам на Груевски во неговата одмазда, поради тоа што му се случило и потенцирам дека не го знам лично Орбан, ниту Салвини. Не вреди да коментирам такво нешто. Си ја работам работата како коментатор на настаните и верувам во она што го работам.

Познавав луѓе од минатото, од околината на Груевски кои беа инволвирани во корупција. Пендаровски изјави на пресот, судството е корумпирано, но има чесни судии. Тој сака да најде решение за подобра демократија. Кога почнавме со објавување на снимките, бев изненаден колку луѓе ме контактираа, секојдневно добивав илјадници пораки, ми се заблагодаруваа.

Мислам дека и Европската Унија затвораше очи пред овој систем на корупција и баравме и коментар од Могерини за скандалот. Јас и понатаму ќе ја следам ситуацијата, не знам што ќе се случува, и натаму истражувам за фактите кои може да доведат до последниот дел од сложувалката, потребен за докажување на системот кој е под контрола на политиката. Затоа и ќе продолжам со цел да ги заштитам луѓето во Македонија кои ми помагаат и сме посветени на вистината. 

Ова ќе значи и крај за кариерата на Заев и дека претседателот ќе сфати дека е подобро да го смени Заев, заради меѓунарониот фактор, бидејќи Заев е проблемот во овој момент и не може да ја претставува Македонија на меѓународно ниво. Многумина би се сложиле со мене дека е потребно да се смени премиерот. Ја познавам добро македонската политика и од минатото и фактите кои беа презентирани во Брисел и сум контактирал со повеќето министри за надворешни работи и инсистирав на одредени можности кои не беа презентирани од македонските политичари. 

Одрекувањето од името е лудост. Зарем некој мисли дека Грција навистина ќе гласа за Македонија во Унијата? Јас не верувам во тоа. Оваа опција е невозможна, по мое мислење во наредните 5-10 години. Унијата со последното затворање за проширување, создаде многу проблеми и доведе до кобни грешки, а Македонија практично не успеа да најде решение. 

Ова беше и нашата приказна која ја изнесовме, дека неважни луѓе изнесуваа куфери со пари и имаме специјален обвинител Јанева која го апси најбогатиот човек во Македонија и потоа го ослободува. Сето она што го следевме во февруари, март и април, покажа дека има лик со име Боки 13 кој имал информации од обвинителот и кои биле познати само на премиерот и со овие информации изнудувал пари“.

0 Коментари

Остави коментари