Гагачовска за тв 24: Загрижувачко е развивањето на болеста за кратко време од потврдување на вирусот
Foto

Гагачовска за тв 24: Загрижувачко е развивањето на болеста за кратко време од потврдување на вирусот

Доктор Билјана Гагачовска директор на клиничката болница во Битола во емисијата 24 анализа рече дека вчера била донесена сега веќе починатата 19 годишна девојка во многу лоша состојба. и покрај дадената терапија, за кратко време, таа не реагирала на терапијата и починала.

„Сите симптоми насочуваа на ковид инфекција, но не знам дали била претходно лекувана дома. Во моментов, утринските бројки се 134 хоспитализирани пациенти, загрижувачко е развивањето на болеста за кратко време од потврдување на вирусот, односно развивање на сериозна клиничката слика кај помладата популација, особено онаа до 50 години. За жал, повеќето од пациентите имаат потреба од кислородна поддршка и се со сериозна тешка клиничка манифестација на болеста.“ - вели доктор Гагачовска.

Вели дека има тешки состојби кои изгледале како да ќе завршат фатално, а дошло до подобрување и обратно. Тоа го прави мултисистемски вирусот во организмот. Има 46 празни места во болницата, според утринските бројки. Во текот на денот, најавени се испишувања на оздравени пациенти.

0 Коментари

Остави коментари