Фудбалска ЛШ: Баерн со една нога во четвртфинале, реми на Наполи и Барса
Foto

Фудбалска ЛШ: Баерн со една нога во четвртфинале, реми на Наполи и Барса

Фудбалерите на Баерн се пред пласман во четвртфиналето на Лигата на шампионите по убедливата победа над Челзи, додека реваншот во Шпанија ќе го даде победникот од пресметката меѓу Барселона и Наполи. Ова е епилогот по вечерашните два осминафинални меча во елитното натпреварување.

Баерн во Лондон го совлада Челзи со 3:0 со головите на Серж Гнабри (два) и на Роберт Левандовски, сите во второто полувреме.

Дуелот Наполи – Барселона во Неапол заврши 1:1. Дрис Мертенс во 30. минута ги доведе домашните во водство, изедначи Антоан Гризман во 57. минута.

Реваншите во Минхен и Барселона се закажани за 18 март.

0 Коментари

Остави коментари