Фрчат огласи за вработувања во администрација, власта тврди немаат врска со изборите
Foto

Фрчат огласи за вработувања во администрација, власта тврди немаат врска со изборите

Продолжуваат вработувањата во јавната администрација - Власта порачува изборите нема да ги стопираат вработувањата.

Ресорниот министер тврди – станува збор за жива материја – луѓе доаѓаат и си одат. Од министерството за администрацијата и денеска повторуваат се работи за потреби на институциите, а не за предизборни вработувања.

На само неколку месеци пред изборите – не запираат огласите за вработување на нови кадри во државните институции – веб страната на агенцијата за администрација преплавена. Министерствата и општините вработуваат раководители, советници, рефернти, помлади соработници.

Огласи за отворени нови работни места може да се најдат во министерство за земјоделство, локална самоуправа, здравство, правда, финансии, нови кадри вработуваат и општина Карпош, Охрид, Ресен. Активен оглас за вработување на 8 нови работни позиции има и во Регулаторната комисија за енергетика, каде досега од сите огласи може да се забележат понудени највисоки месечни примања.

Според опозицијата ваквиот потег на власта претставува предизборен поткуп на гласови.

Рекордот во нови огласи засега го поставува Општина Струга. Градскиот татко, Рамиз Мерко, во општината која се дави во долгови – има потреба да вработи нови 30 лица. Новите вработувања во јавната администрација доаѓаат во период кога се очекува спроведување на проектот најавен од ресорниот министер - за префрлање кадар од јавниот во приватниот сектор. Проект со кој треба да се детектира што е вишок на работни места, за што се во тек анализите.

0 Коментари

Остави коментари