Фрчат „бомби“ во финишот на изборната кампања
Foto

Фрчат „бомби“ во финишот на изборната кампања

Нова серија на аудио бомби кои осамнаа на youtube каналот. Во две од нив авторот кој ги објавил индицира дека се слуша гласот на лидерот на СДСМ Зоран Заев со непознато лице чиј глас е дисторзиран.

Во двата разговори се спомнуваат и имиња, Сашо и Петре Шилегов. Едната е објавена со наслов „Зоран Заев се договарал со Сашо Мијалков“, а другата „Заев знаел дека Шилегов правел криминал во второстепената комисија за јавни набавки“.

Со реакција во јавноста за оваа аудио снимка се јави и екс директорот на УБК Сашо Мијалков кој вели:

„Со Зоран Заев ниту сум се договарал, ниту имам договор. Прв пат слушнав за такво нешто од разговорот кој го објавија некои портали . Во објавениот разговор не знам ниту за кој Сашо се мисли.“

Истовремено во последните 24 часа излезе и нова аудио бомби од непознат автор на youtube каналот кој пак индицира дека тоа е разговор меѓу екс министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и Александар Николовски од ВМРО-ДПМНЕ. Се слуша разговор во кој се дискутира за градби во Охрид и планови поврзани со истите.

Објавувањето на бомби на интернет и социјалните мрежи стана особено актуелно во предворие на изборите. Аудио бомбите насочени и кон владејачката СДСМ но и опозициската ВМРО-ДПМНЕ ги разбудија духовите меѓу двете партии но и постојаните обвинувања кои си ги упатуваат на адреса на партиските седишта.

Она што е познато е дека СДСМ веќе поднесе кривични пријави за овие нелегално прислушувани разговори за да се детектира нивното потекло, а опозициската ВМРО-ДПМНЕ пак го повикуваше Јавното обвинителство да постапува по допрен глас.

0 Коментари

Остави коментари