Француско топло –ладно
Foto

Француско топло –ладно

Франција започнала неофицијални дипломатски консултации за на некои земји од западен Балкан наместо полноправно членство да им понуди привилегирано специјално партнерство, објавуваат бањалучките „Независне новине“.

Според овој предлог, на земјите од западен Балкан би им била понудена финансиска помош, посебни аранжмани за пристап на европските пазари и други погодности во замена за тивко откажување од полноправно членство. Според информациите Франција се наоѓа под притисок од европските партнери на европскиот самит во март идната година да отстапи од својот тврдокорен став и да им одобри на Македонија и Албанија да започнат преговори, а изборите во Северна Македонија токму затоа се закажани за април, за да се види дали ЕУ во март ќе додели датум за преговори. Во интервју пак за националната БТВ, бугарскиот премиер Бојко Борисов вели дека Македонија не добила датум и поради опозицијата која има анти европски ставови.

„Која и да е партија на власт во Бугарија, ориентацијата не се менува. Додека за Северна Македонија и Албанија велиме ако не е Зоран Заев или Еди Рама, или ако тие паднат од власт, таму ќе се случи нешто. Во тој поглед, Макрон заслужува аплаузи, затоа што гледа понапред.“ - изјави Бојко Борисов, премиер на Р.Бугарија.

Еврокомесарот Хан во интервју за австриската агенција АПА вели дека по негативната одлука на лидерите на ЕУ се отвора прашањето дали станува збор за трајно вето од Франција за проширувањето.

„Искрено кажано по одлуката на Советот на ЕУ, ние сме беспомошни. Ако ја следиме линијата на Макрон и чекаме внатрешни реформи па проширување тоа би значело дека перспективата за членство во ЕУ може да стане реалност дури по 30 години. А, тоа не би била никаква перспектива ниту поттик за реформите.“ - изјави Јоханес Хан, еврокомесар за проширување

Денеска претседателот на Собранието Талат Џафери се сретна со пратеници од Европскиот парламент кои му порачале дека доколку одлуката зависеше само од Парламентот, Македонија одамна ќе ги започнеше преговорите.

0 Коментари

Остави коментари