Франција на аеродромите ќе тестира патници од ризични области
Foto

Франција на аеродромите ќе тестира патници од ризични области

Франција планира во наредните денови да почне целно тестирање за новиот коронавирус на луѓе кои доаѓаат од области со висок ризик, соопшти портпаролот на француската Влада Габриел Атал.

Луѓето кои ќе можат да докажат дека неодамна биле тестирани на вирусот, ќе можат да избегнат повторување на тестот во Франција, рече Атал.

Министерот за здравство Оливие Веран претходно изјавуваше дека тестирањето ќе биде доброволно.

– За земјите каде што вирусот не циркулира повеќе отколку во Франција, нема причина да се преземат дополнителни мерки, рече Атал, истакнувајќи дека мерката веројатно нема да се применува и за соседна Германија.

Откако беше тешко погодена од пандемијата на Ковид-19 во која починаа повеќе од 30.000 луѓе, Франција почна да ги отвора своите туристички атракции како што се музејот Лувр и Ајфеловата кула во Париз.

 

 

Водечките експерти во Франција овој викенд ги повторија повиците да се носат маски на затворени јавни места за да се спречи ново ширење на заразата.

Маските се задолжителни во јавниот превоз во Франција, а многу продавници, туристички атракции и други затворени јавни места исто така бараат од луѓето да носат маски.

0 Коментари

Остави коментари